
Паричен фонд
Приоритет на фондот е да ја зачува вредноста на вашите вложени средства и да ви овозможи брз пристап до нив (висока ликвидност).
Затоа, инвестициската стратегија се фокусира на стабилен и континуиран принос, со што се избегнуваат големи промени во вредноста на уделот и се штити капиталот од пазарни ризици.
Вредност на удел
100.0000 ден
Степен на ризик
Нето имот (NAV)
1 000 000 ден

Опис
Овој фонд претставува едноставна и практична алатка како за правни, така и за физички лица. Правните лица ги добиваат придобивките од активното управување со нивните тековни средства, што помага во поефикасно планирање и зголемување на ликвидноста. Физичките лица исто така имаат можност да остваруваат принос на своите заштеди, користејќи ги вложените средства кога ќе посакаат, без загуба на остварениот принос.
За кого е наменет?
Целна група: Домашни и странски, физички и правни лица
Толеранција на ризик: Ниска
Инвестициски хоризонт: Краткорочен (30+ дена)
Опфолио Паричен фонд
Вид на фонд
паричен фонд
Надоместок за депозитарна банка
0,17%
Максимална влезна провизија
0%
Максимална излезна провизија
0%
Управувачка провизија
0,75%
Основан на
27.10.2025
Платежна сметка
250-0107027607-94
Идентификациски број
9150000000293
Ризици
Вид на ризик
Степен на влијание
Пазарен ризик
Низок
Каматен ризик
Среден
Кредитен ризик
Низок
Валутен ризик
Низок
Ризик од предвремено плаќање
Низок
Ризик од промена на даночни прописи
Низок
Ликвидносен ризик
Низок
